Вести Македонија Топ вести

Во специјален бункер во автобус, најдени 500.000 евра – прво ги надушкало царинското куче

Во специјално изграден бункер во минибус, најдени се 500.000 евра спакувани во 14 проѕирни ќеси. Парите биле откриени на граничниот премин Табановце.

Автобусoт бил сопственост на туристичка агенција од Албанија.

„ Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на Албанија, со иницијали Џ. Г., кој управувал со минибусот, е соодветно гонет, за што веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд во Куманово.

Обидот е откриен во акција на Одделението за оперативни работи на влез на државниот граничен премин Табановце, во која е извршена детална контрола на минибусот, сопственост на туристичка агенција од Албанија со која биле превезувани седум патници“, рече директорот на Царинската управа  Бобан Николовски.

Криумчарените пари прво ги надушкало царинското куче, по што автобусот бил скениран од Службата за мобилни скенери.

По отстранување на преправениот дел од возилото, инспекторите пронашле 500.000 евра во кеш, скриени во специјално конструираниот простор.

Запленетите средства ќе се депонираат во Народната банка.

Николовски најави дека цариниците кои ја откриле пратката ќе бидат наградени со по 10.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар избувна во магацин во скопската населба Кисела Вода

Дејан Дејан

МВР: Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 11 возеле без возачка дозвола, шест лица под дејство на алкохол

Дејан Дејан

Лекција за несовесните поединци во Тетово: Фатен на дело 54 годишник како фрла отпад во река

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе