Uncategorized Вести Свет

Првично беше трагична несреќа, сега се истражува убиство – пресврт во истрагата за смртта на газдата на „Манго“

Синот на милијардерот, основач на „Манго“, e уапсен од полицијата во Барселона поради сомневања за смртта на неговиот татко.

Модниот магнат Исак Андич, 71, почина во декември во 2024 година додека со својот син Џонатан  планинареше во близина на Барселона. Тој почина, како што првично се тврдеше, во несреќа за време на планирањето, кога паднал во бездна длабока 150 метри. Четириесет и петгодишниот син е уапсен утринава под сомнение за убиство на неговиот татко, објави „Ел Паис“.

Двојката одела по патеката Лес Феиксадес, патека што ги поврзува пештерите Салнитр во Колбато со манастирот Монсерат кога се случила трагедијата. Синот Џонатан Андич (45) бил единствениот сведок.

Полицијата отвори истрага веднаш по трaгедијата, но ја затвори неколку недели подоцна, за повторно да ја отвори март 2025 година, а во октомври полицијата потврди дека смртта се истражува како можно убиство.

Џонатан Андич е најстариот од трите деца на Исак и еден од наследниците на богатството на неговиот татко. Тој е потпретседател на одборот на „Манго“.

Семејството на Исак Андич се пресели од Турција во Шпанија кога бил млад. Тој ја отвори првата продавница на „Манго“ во Барселона во 1984 година и во текот на следните децении овој бренд прерасна во еден од водечките европски производители на брза мода.

„Манго“ има 2.900 продавници на 120 пазари низ целиот свет. Приходите на модната група достигнаа рекордно високо ниво од речиси 4,4 милијарди долари во 2025 година, што е зголемување од 11% во однос на претходната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар избувна во магацин во скопската населба Кисела Вода

Дејан Дејан

МВР: Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 11 возеле без возачка дозвола, шест лица под дејство на алкохол

Дејан Дејан

Лекција за несовесните поединци во Тетово: Фатен на дело 54 годишник како фрла отпад во река

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе