Американските власти се сомневаат дека ирански хакери стојат зад серија пробиви на системи што ја следат количината на гориво во резервоарите што ги опслужуваат бензинските пумпи во повеќе држави, објави екслузивно Си-Ен-Ен.
Хакерите ги искористиле автоматските системи за мерење на резервоари кои биле онлајн и незаштитени со лозинки, и ги смениле отчитувањата на дисплејот на резервоарите, но не и вистинските нивоа на гориво во нив.
Сајбер упадите предизвикале загриженост за безбедноста, пишува Си-Ен-Ен, бидејќи пристапoт до овие системи во теорија, би му овозможил на хакерот да го прикрие и протекувањето на гас.
Доколку се потврди вмешаноста на Иран, тоа би бил најнов случај на закана од Техеран за критична инфраструктура во САД.
Извештај на „Скај њуз“ од 2021 година цитираше внатрешни документи од Корпусот на Исламската револуционерна гарда во кои се издвоени ATG системите како потенцијална цел за разорен кибернапад врз бензински пумпи.
