Вести Македонија Најважни

Си-Ен-Ен: Хакери ги пробиле читачите на резервоари на американски бензински пумпи; официјални лица се сомневаат дека Иран е одговорен

Американските власти се сомневаат дека ирански хакери стојат зад серија пробиви на системи што ја следат количината на гориво во резервоарите што ги опслужуваат бензинските пумпи во повеќе држави, објави екслузивно Си-Ен-Ен.

Хакерите ги искористиле автоматските системи за мерење на резервоари кои биле онлајн и незаштитени со лозинки, и ги смениле отчитувањата на дисплејот на резервоарите, но не и вистинските нивоа на гориво во нив.

Сајбер упадите предизвикале загриженост за безбедноста, пишува Си-Ен-Ен, бидејќи пристапoт до овие системи во теорија, би му овозможил на хакерот да го прикрие и протекувањето на гас.

Доколку се потврди вмешаноста на Иран, тоа би бил најнов случај на закана од Техеран за критична инфраструктура во  САД.

Извештај на „Скај њуз“ од 2021 година цитираше внатрешни документи од Корпусот на Исламската револуционерна гарда во кои се издвоени ATG системите како потенцијална цел за разорен кибернапад врз бензински пумпи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Шанса за Центар“ алармира: Нов ДУП за Барутана носи ризик од ерозија на Водно

Tea Dimkovska

Пожар се шири на Исарот во Штип

Sonja Petrusevska

Со возило ја скршил влезната порта a потоа физички ја нападнал жена му – гостиварец дивеел во домот на родителите на неговата сопруга

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе