Укааина синоќа возврати со голем напад со беспилотни летала врз руска воена и енергетска инфраструктура, само ден по смртоносниот руски ракетен напад врз Киев во кој загинаа најмалку 21 лице.
Според информации објавени од The Kyiv Independent, украинските дронови погодиле повеќе цели во различни руски региони, а на социјалните мрежи се појавија снимки од огромен пожар во нафтена рафинерија во Рјазан. Локални жители изјавиле дека виделе повеќе дронови пред да се слушнат силни експлозии во реонот на постројката.
Рафинеријата често е цел на украински напади поради нејзината улога во снабдувањето на руската воена машинерија. Рјазан се наоѓа околу 450 километри од украинската граница и 180 километри југоисточно од Москва.
Гувернерот на Рјазанската област, Павло Малков, изјави дека остатоци од дрон погодиле неименувано претпријатие и неколку станбени објекти. Според неговите информации, загинале три лица, а 12 биле повредени.
Руските Телеграм канали пак јавија и за експлозии во близина на воениот аеродром во Јејск, во Краснодарската област. Во исто време, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила пет украински дронови што се приближувале кон руската престолнина.
