Uncategorized Вести Македонија

Кривични пријави против двајца доктори кои не утврдиле дека жените во кумановско биле убиени

Полицијата поднесе кривични пријави против двајца доктори кои во случајот со серискиот убиец од Старо Нагоричане не утврдиле дека жените починале од насилна смрт.

Пријавите се поднесени против двајца доктори од Општата болница во Куманово кој ќе одговораат за „несовесно вршење на службата“.

Според обвинителството серискиот убиец ги убивал жените со умисла на  на суров и подмолен начин. Дел од жените биле убиени со давење.

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане,  утврди дека тој убил 4 жени и имал уште два обиди за убиство. Во текот на истрагата биле откопани телата на три жени, а обдукцијата  утврдила дека две од нив се негови жртви.

Убиецот бил пресметлив кога ги извршувал убиствата , а убивал од омраза кон жените. Обвинението се очекува да биде подигнато за еден месец.

Првото убиство го сторил во јануари минататa година а беше уапсен после една година, во февруари годинава. Три од жртвите се повозрасни, а една помлада.

Се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол.

Осомничениот Трајко Бојковски има 25 години и е жител на село Малотино (општина Старо Нагоричане)

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе