Полицијата поднесе кривични пријави против двајца доктори кои во случајот со серискиот убиец од Старо Нагоричане не утврдиле дека жените починале од насилна смрт.
Пријавите се поднесени против двајца доктори од Општата болница во Куманово кој ќе одговораат за „несовесно вршење на службата“.
Според обвинителството серискиот убиец ги убивал жените со умисла на на суров и подмолен начин. Дел од жените биле убиени со давење.
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, утврди дека тој убил 4 жени и имал уште два обиди за убиство. Во текот на истрагата биле откопани телата на три жени, а обдукцијата утврдила дека две од нив се негови жртви.
Убиецот бил пресметлив кога ги извршувал убиствата , а убивал од омраза кон жените. Обвинението се очекува да биде подигнато за еден месец.
Првото убиство го сторил во јануари минататa година а беше уапсен после една година, во февруари годинава. Три од жртвите се повозрасни, а една помлада.
Се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол.
Осомничениот Трајко Бојковски има 25 години и е жител на село Малотино (општина Старо Нагоричане)
