Вести Македонија Топ вести

Граѓаните во 2025 година најмногу претставки поднесувале за работата на извршителите и судството

На дневен ред на комисјата за политички систем денеска е годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2025 година .

Како што се наведува во Годишниот извештај, граѓаните и во 2025 година најмногу претставки поднесувале за работата на извршителите и судството генерално. Во овој сегмент, доминирале претставки за барања за деблокада на сметките, на висината на каматата и трошоците, кои ги наплатуваат извршителите, како и за проблемите поради блокада на сметките од страна на повеќе извршители. Во делот на судството најмногу од претставките се за непочитување на принципот за судење во разумен рок.

Во извештајот исто така се забележува и фактот дека Народното правобранителство во изминатата година шест месеци беше без прв човек, но дека и покрај тоа се работело на сите претставки добиени од граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе