Вести Македонија Топ вести

Казина и автомат клубови на најмалку 500 метри од училишта, познати фаци нема да можат да рекламираат коцкање – нови правила за игри на среќа

Построги правила за игрите на среќа – познати личности повеќе нема да можат да ги рекламираат и ќе мора да се на локација која ќе биде оддалечена најмалку 500 метри од образовни институции. Ова се двете клучни измени во Предлог-законот за игри на среќа и за забавни игри.

Законот беше усогласен на владина седница и ќе биде испратен во Собранието на гласање.

„Испраќаме јасна порака дека коцкањето не смее да се нормализира, ниту да се претставува како стил на живот пред младите. Втората клучна точка е заштитата на образовниот процес и безбедноста на учениците. Со законот се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и електронски игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Во обложувалниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување на електронски видео-лотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа. Ова е институционална одлука да ги заштитиме децата од секојдневна изложеност на коцкање и зависности“, рече Азизи.

Во делот на рекламирањето се воведуваат сограничувања – освен што на познати лица им се забранува да рекламираат коцкање се забрануваат и пораки со кои коцкањето се претставува како пат до финансиски успех.

Се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во игри на среќа и се забрануваат пораки кои коцкањето го претставуваат како пат до финансиски успех, подобар живот или решение за лични и социјални проблеми.

Дополнително, се забранува рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници.

Втората важна измена се однесува на лоцираноста на казината – тие не смеат да се поблиску од 500 метри до училишта.

Со законот се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и електронски игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Во обложувалниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување на електронски видео-лотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа.

Од Владата очекуваат новото законско решение да ги заштити децата од секојдневната изложеност на коцкање и зависности и да не се дозволи коцкањето да се нормализира или да се претставува како стил на живот.

„И покрај постојаните обиди на нелегалните приредувачи да отвораат нови канали и интернет страници, институциите ќе продолжат со засилени контроли и соодветни законски мерки. Оваа Влада уште од првиот ден започна системска борба против индустријата која со години се ширеше без контрола. Нашата цел е јасна воспоставување одговорен, транспарентен и контролиран систем, со јасни правила, правна сигурност и многу поголема заштита на граѓаните. Ова е борба за иднината на младите, за сигурноста на семејствата и за достоинството на општеството“, додаде Азизи.

Досега се затворени 358 нелегални странски онлајн платформи кои незаконски приредувале игри на среќа.  Станува збор за платформи кои функционирале без лиценца и без контрола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Шанса за Центар“ алармира: Нов ДУП за Барутана носи ризик од ерозија на Водно

Tea Dimkovska

Пожар се шири на Исарот во Штип

Sonja Petrusevska

Со возило ја скршил влезната порта a потоа физички ја нападнал жена му – гостиварец дивеел во домот на родителите на неговата сопруга

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе