На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Трамп од Овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апрати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече ѓубре коешто не го дочитал до крај.
- Неверојатно е слабо. Би рекол. Би го нарекол најслабо во моментов. Откако го прочитав тоа ѓубре што ни го испратија. Дури и не го дочитав до крај. Реков, нема да си го губам времето читајќи го. Би рекол дека е еден од најслабите во моментов – Доналд Трамп, претседател на САД.
Во однос на отстранувањето на збогатен ураниум од страна на Иран, тој рече дека Техеран прво тоа го дозволил па подоцна се предомислил.
Трамп тврди дека Иран ѝ кажал на неговата администрација дека ќе им дозволи на САД да влезат и да помогнат во екстракцијата на нивниот високо збогатен ураниум, но се откажале од тоа во својот последен предлог за прекин на огнот.
- Да, па, тие ни дозволија пред два дена. Не дозволија. Во ред. Го направија тоа пред два дена. Рекоа дека ќе мора да го земете. Ќе одиме со нив. Но, се предомислија затоа што не го ставија во документот. Па, кога ни го испратија овој документ за кој чекавме четири дена, требаше да бидат десет минути. Изгледа многу едноставно. Го разбираме тоа. Тие гарантираат дека нема нуклеарно оружје многу долг временски период и неколку други ситни работи, но едноставно не можат да стигнат до таму. Па се согласуваат со нас, а потоа го повлекуваат назад, рече Трамп.
Иран пак јавно не се согласи да се откаже од збогатениот ураниум и инсистира дека неговата нуклеарна програма е стабилна.
Б.С.
