Вести Македонија Топ вести

Трамп: Прекинот на огнот се одржува на апарати, одговорот од Техеран не го ни дочитав до крај, тоа е „ѓубре“

На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Трамп од Овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апрати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече ѓубре коешто не го дочитал до крај.

  • Неверојатно е слабо. Би рекол. Би го нарекол најслабо во моментов. Откако го прочитав тоа ѓубре што ни го испратија. Дури и не го дочитав до крај. Реков, нема да си го губам времето читајќи го. Би рекол дека е еден од најслабите во моментов – Доналд Трамп, претседател на САД.

Во однос на отстранувањето на збогатен ураниум од страна на Иран, тој рече дека Техеран прво тоа го дозволил па подоцна се предомислил.

Трамп тврди дека Иран ѝ кажал на неговата администрација дека ќе им дозволи на САД да влезат и да помогнат во екстракцијата на нивниот високо збогатен ураниум, но се откажале од тоа во својот последен предлог за прекин на огнот.

  • Да, па, тие ни дозволија пред два дена. Не дозволија. Во ред. Го направија тоа пред два дена. Рекоа дека ќе мора да го земете. Ќе одиме со нив. Но, се предомислија затоа што не го ставија во документот. Па, кога ни го испратија овој документ за кој чекавме четири дена, требаше да бидат десет минути. Изгледа многу едноставно. Го разбираме тоа. Тие гарантираат дека нема нуклеарно оружје многу долг временски период и неколку други ситни работи, но едноставно не можат да стигнат до таму. Па се согласуваат со нас, а потоа го повлекуваат назад, рече Трамп.

Иран пак јавно не се согласи да се откаже од збогатениот ураниум и инсистира дека неговата нуклеарна програма е стабилна.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 5.7.2026

meteo

Протести на антифашистичката алијанса против конгресот на АФД во Германија

Дејан Дејан

Премиерот Мицкоски не очекува британската политичка криза да ја закочи брзата пруга, најави нов рок за старт на активностите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе