Вести Македонија Топ вести

Нови 11 километри на автопатот Кичево–Охрид ќе бидат пуштени до крајот на летото

Прв квартал на 2027 година за автопатот Кичево – Охрид, декември 2029 година Тетово – Гостивар – Букојчани. Ова се конечните рокови за финиш на изведбата на работите на Коридорот 8. Дислокација на објекти и инфраструктура и санирање на свлечиштата на потегот Кичево-Охрид се клучните предизвици според премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Александар Николоски, кои заедно со директорот на Јавното претпријатие за патишта Коце Трајановски беа во увид на изградбата на Коридорот 8.

Дислокација на инфраструктурата и уривање на објектите на трасата се клучните предизвици во моментов. До крајот на летово ќе биде пуштени нови 11 километри од автопатот Кичево-Охрид во потегот од Извор до Ботун, најави вицепремиерот Николоски. Клучниот проблем, слечиштата ќе се решаваат со поставување на т.н галерии.

На трасата Тетово – Гостивар и Гостивар- Букојчани, продолжува изградбата откако е завршен процесот на експропријација. Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и проритет на Завадата, кажа премиерот Мицкоски.

Според планот, новата траса Коридорот 8 ќе биде долга околу 150 километри и ќе го скрати времето на патување за еден час. Се разгледува и опцијата за нов систем на патарини, на влез и излез од Коридорот наместо досегашнио. Постоечкиот регионален пат кон Охрид, ќе остане во употреба и по отворање на Коридорот 8 и ќе може да се користи како алтернативен пат.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 5.7.2026

meteo

Протести на антифашистичката алијанса против конгресот на АФД во Германија

Дејан Дејан

Премиерот Мицкоски не очекува британската политичка криза да ја закочи брзата пруга, најави нов рок за старт на активностите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе