Обвинителен предлог за членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски откако неговата сопруга го пријави за семејно насилство. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција сооопшти дека по вербалната расправија во нивниот сеемен дом обезбедувачот физички ја нападнал неговата сопруга, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави.
„Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност.Оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон. Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.“
Членот на обезбедувањето на Мицкоски доби осум дена притвор, а обвинителството бара продолжување на мерката поради опасност од бегство, како и поради постоење реални околности дека може да го повтори делото. Тој се гони за кривичното дело телесна повреда. Доколку биде осуден му се заканува казна затвор од шест месеци до 3 годиини.
Телоп- Кривичен законик, член 130 став 2
„Тој што ќе го стори делото од став 1 при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.“
МВР пред некој ден соопшти дека полицијата го уапсила 39-годишниот обезбедувач на Мицкоски на 2 мај во 23 часот, откако неговата 37-годишна сопруга пријавила дека била физички нападната. Мицкоски изјави дека апсењето е доказ дека законот важи за сите, но дека случајот е мал престап, по што регираа невладините организации. Тие посочија дека во МВР во 2025 година е забележан највисок број на пријавени случаи до сега на семејно насилство, во просек по 19 пријави дневно.
Ова е втор уапсен телохранител на Мицкоски. Минатата година беше уапсен Ангел Сарамаков, кој беше осуден на 1,5 години затвор за оддавање службена тајна, но Апелација ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење.
youtube.com/watch?v=vzyquaCzEis&feature=youtu.be
