Вести Македонија Најважни

Ја удирал и давел пред нивната малолетна ќерка, поднесен обвинителен предлог за членот на обезбедувањето на Мицкоски

Обвинителен предлог за членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски откако неговата сопруга го пријави за семејно насилство. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција сооопшти дека по вербалната расправија во нивниот сеемен дом обезбедувачот физички ја нападнал неговата сопруга, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави.

„Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност.Оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон. Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.“

Членот на обезбедувањето на Мицкоски доби осум дена притвор, а обвинителството бара продолжување на мерката поради опасност од бегство, како и поради постоење реални околности дека може да го повтори делото. Тој се гони за кривичното дело телесна повреда.  Доколку биде осуден му се заканува казна затвор од шест месеци до 3 годиини.

Телоп- Кривичен законик, член 130 став 2

„Тој што ќе го стори делото од став 1 при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.“

МВР пред некој ден соопшти дека полицијата го уапсила 39-годишниот обезбедувач на Мицкоски на 2 мај во 23 часот, откако неговата 37-годишна сопруга пријавила дека била физички нападната. Мицкоски изјави дека апсењето е доказ дека законот важи за сите, но дека случајот е мал престап, по што регираа невладините организации. Тие посочија дека во МВР во 2025 година е забележан највисок број на пријавени случаи до сега на семејно насилство, во просек по 19 пријави дневно.

Ова е втор уапсен телохранител на Мицкоски. Минатата година беше уапсен Ангел Сарамаков, кој беше осуден на 1,5 години затвор за оддавање службена тајна, но Апелација ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење.

youtube.com/watch?v=vzyquaCzEis&feature=youtu.be

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го блокира Изборниот законик затоа што нема поддршка од дијаспората

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

Дејан Дејан

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе