Вести Македонија Топ вести

Изјавата на Мицкоски за семејното насилство како „мал престап“ е погрешна и опасна – регираат граѓански организации

Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост остро реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека семејното насилство, поради кое негов телохранител е во 8-дневен притвор, претставува „мал престап“. Тие го потсетуваат премиерот, дека повеќе од 20 години,  актите на семејно насилство се третираат како кривични дела.

Само од јануари годинава, како последица на овој „мал престап“, животот го загубија четири жени и едно девојче. Според официјалната статистика на МВР, во 2025 година е забележан највисок број на пријавени случаи до сега, во просек биле регистрирани по 19 пријави секој ден. Ова е резултат на години минимизирање поради кое жртвите не пријавуваа, а институциите не постапуваа навремено и соодветно.

Според овие граѓански организации дури по трагедијата кога насилството заврши со скок од зграда на жена со нејзиното малолетно дете, почна сериозно да се отвора прашањето дали и како системот функционира. Тогаш и самиот Премиер ги повика жртвите да пријавуваат и да не ги повлекуваат пријавите, за денес истиот тој Премиер да го сведе овој контекст на „мал престап“, со што го поништува сопствениот повик и сериозноста на проблемот што конечно почна да се препознава.

Ваквите изјави не се без последици. Тие директно влијаат врз тоа како насилството се перцепира во јавноста и оставаат простор да се релативизира, со што се охрабруваат сторителите, а жртвите повторно се изложуваат на осуда, сомнеж и притисок.  Во таков контекст, сведувањето на семејното насилство на „помал престап“ не е само погрешно, туку и опасно, затоа што ја брише неговата тежина и ја занемарува штетата што ја остава врз животот и безбедноста на жените.

Од овие организации бараат од премиерот сериозно, гласно и недвосмислено да го осуди секој чин на родово засновано насилство и во индина  да внимава при секоја своја изјава во јавноста, и без разлика дали свесно или несвесно, да не го сведува на мал престап тоа што жртвите го преживуваат.

 

Мал престап и системот веднаш функционира – вели Мицкоски за инцидентот во кој член на обезбедувањето ја нападна својата сопруга

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе