Родителите на починатите деца во дискотеката во „Пулс“ ја комнетираа условната казна која вчера ја изрече Судот за обвинетите полицајци за злоупотреба на службената положба. Според пресудата „обвинетите своите службени дејности ги извршиле само привидно. И покрај јасно пропишани обврски, иако констатирале прекршок тие не утврдиле кое правно лице ја врши дејноста, ниту кој е одговорното лице во тоа правно лице, бидејќи не зивршиле увид во соодветна документација“.
Родителите го повикаа Обвинителството да поднесе жалба за условните казни, зашто како што велат „со вакви пресуди институцијата Суд само формално постои“.
„Ако довербата во судството е 2%, со вакви пресуди зборуваме за минус, односно за формално постоење на институција Суд. И тоа не е сарказам, тоа е реалност. И кога ќе помислиш дека не може полошо, се менуваат обвинители, во последен момент се прераспределуваат предмети, се разводнува одговорноста . Се по книга, само не по правда. Ако сега јавното обвинителство молчи, нема потреба ништо да се објаснува. Ќе биде јасно и без зборови“ , рече Наташа Танеска, мајка чиј син загина во Пулс. Таа ја повика судијката да одговори дали дали законите се пишуваат за да важат или да се заобиколуваат и дали може мирно да спие кога зад таква пресуда стојат 63 животи и над 200 повредени.
И за Наунов нема смисла оправдувањето на инспекторите дека газда Деко им дал неточни податоци, кога во Кочани има само 15 улици за тие да не знаат дека се на погрешна адреса.
„Кочани е со 15 улици не може обвинетите да се жалат дека Деко им дал погрешни документи за лиценца кога таму пишува дека лицената е за улица „Димитар Влахов“ а инспекторите биле на Крижевска улица. Намерно е така кажано и обвинителството треба да поднесе жалба и Судот да ја види реалната ситуација. Нешто се крие, ќе дознаеме„ рече Алексaндар Наунов, чие дете почина во Пулс.
