Uncategorized Вести Македонија Најважни

И кога ќе помислиш дека не може полошо, одговорноста се разводнува – велат родителите на починатите деца во „Пулс“ по условните казни за полицајците

Родителите на починатите деца во дискотеката во „Пулс“ ја комнетираа условната казна која вчера ја изрече Судот за обвинетите полицајци за злоупотреба на службената положба. Според пресудата „обвинетите своите службени дејности ги извршиле само привидно. И покрај јасно пропишани обврски, иако констатирале прекршок тие не утврдиле кое правно лице ја врши дејноста, ниту кој е одговорното лице во тоа правно лице, бидејќи не зивршиле увид во соодветна документација“.

Родителите го повикаа Обвинителството да поднесе жалба за условните казни, зашто како што велат „со вакви пресуди институцијата Суд само формално постои“.

„Ако довербата во судството е 2%, со вакви пресуди зборуваме за минус, односно за формално постоење на институција Суд. И тоа не е сарказам, тоа е реалност. И кога ќе помислиш дека не може полошо, се менуваат обвинители, во последен момент  се прераспределуваат предмети, се разводнува одговорноста . Се по книга, само не по правда. Ако сега јавното обвинителство молчи, нема потреба ништо да се објаснува. Ќе биде јасно и без зборови“ , рече  Наташа Танеска, мајка чиј син загина во Пулс. Таа  ја повика судијката да  одговори дали  дали законите се пишуваат за да важат или да се заобиколуваат и дали може мирно да спие кога зад таква пресуда стојат 63 животи и над 200 повредени.

И за Наунов нема смисла оправдувањето на инспекторите дека газда Деко им дал неточни податоци, кога во Кочани има само 15 улици за тие да не знаат дека се на погрешна адреса.

„Кочани е со 15 улици не може обвинетите да се жалат дека Деко им дал погрешни документи за лиценца кога таму пишува дека  лицената е за улица „Димитар Влахов“ а инспекторите биле на Крижевска улица. Намерно е така кажано и обвинителството треба  да поднесе жалба и Судот да ја види реалната ситуација. Нешто се крие, ќе дознаеме„ рече Алексaндар Наунов, чие дете почина во Пулс.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе