Вести Македонија Топ вести

Пад на откупната цена на млекото, раст на трошоците, млекопроизводителите пред колапс

Млекопроизводителите  од Пелагонија алармираат за сериозен пад на откупната цена на суровото млеко, која некои млекарници ја намалија за  два денари по литар, а во споредба со лани и до осум денари. Тие велат дека цената сега се движи меѓу 24 и 29 денари за литар, што за нив значи значителни загуби и доведува многу фарми на раб на опстанок. Дополнителен проблем е што субвенциите за 2025 година се уште не им се исплатени во целост, а премиите за млеко доцнат. Во исто време, трошоците за производство,  гориво, сточна храна и репроматеријали,  постојано растат.

„Вчера млекарниците ја намалија откупната цена на млекото, а за два денари се зголеми цената на литар нафта. Со овие цени ние не можеме да опстанеме во сточарството. Потребна е под итно помош од државата   и исплата на заостанатите субвенции“,вели Тони Петковски, претседател на здружението „Пелагониско поле“. 

Сточарите реагираат дека и покрај намалената откупна цена, малопродажните цени на млекото во маркетите не се намалуваат.

„Од 33-34 денари пред две години, сега откупната цена на млекото е 24-25 денари, значи имаме разлика од 8-9 денари. Наместо да одиме напред, цената да биде 40 денари, ние стагнираме. Ќе прифатиме и 20 денари за литар млеко, но министерот да најде начин да нè субвенционира. И друго, зошто се дозволува млекото чија откупна цена е намалена за 2 денари, во маркетите да се продава поскапо за 15 денари“, вели Борче Бучински, млекопроизводител. 

Млекопроизводителите велат дека  веќе не му веруваат на министерот за земјоделство и бараат итна средба со премиерот, како и мерки за заштита на домашното производство, предупредувајќи дека секторот се наоѓа пред колапс.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе