По трагичниот смртен случај на градилиште, фокусот повторно се насочува кон безбедноста на работните места, особено во високоризичниот градежен сектор. Дали на градилиштата се почитуваат основните мерки за заштита – користење сигурносна опрема, соодветна обука и континуиран надзор?
Зградите никнуваат се поблиску една до друга, отворајќи прашања не само за урбанистичкото планирање, туку и за безбедноста – и на работниците кои ги градат, и на граѓаните кои подоцна ќе живеат во нив. Дали урбанистичкиот хаос го достигнува својот врв?
На овие теми вечерва во Топ Тема со Наташа Стојановска дебатираат Иван Пешевски претседател на синдикат за градежништво и Мишко Ралев архитект и универзитетски професор.
Топ Тема со Наташа Стојановска на Телма
