Граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, како и студенти со приходи од странство, протестираа пред УЈП поради барања да платат данок за заработка од пред неколку години.
Тие велат дека институциите до сега не ги информирале и сега одеднаш бараат високи суми и даваат нејасни насоки.
Од УЈП тврдат дека не станува збор за нова обврска и дека нема двојно оданочување доколку се достави доказ за платен данок во странство.
Дали граѓаните се доволно информирани и дали системот функционира правично?
АНКЕТА: Што е најголемиот проблем во овој случај: а) Задоцнетото известување; б) Доказите за платен данок; или в) Плаќање на данокот?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
