Емисии Код

Демант од адвокатка во стечајна постапка за Соравиа и Дрин Ахмети, по истражувањето на КОД и одговор на Телма

До КОД стаса и Демант од адвокатката полномошник како што судот навел во решението за стечај на Соравија Инвест должник  и на ТХОР доверител. Таа тврди дека таа во случајот не е полномошник на две спротиставени страни туку на исти-предлагачи за стечајна постапка. Истражувањето за ТХОР, Соравиа инвест и Дрин Ахмети, како и зе отворениот стечај беше објавен во КОД на 29.03.2026.

Во продолжение дописот на адвокатката Цунева и одговорот на ТВ Телма.

ОДГОВОР НА ТВ ТЕЛМА: Телевизија ТЕЛМА согласно законските прописи го објавува демантот на својот програмски сервис  и на својата Веб страна, по барање на адвокатот Марина Цунева во врска со емитувањето и изнесувањето на информации од содржината на емисијата КОД на 29.03.2026 година, во врска со толкувањето на Решението  на Основниот Граѓански суд  донесено на 02.06.2025 година, со кое се усвојува предлогот на предлагачите за отварање стечајна постапка  над  Друштвото СОРАВИЈА ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје,  со кое погрешно толкуваме дека застапувала две различни страни, туку дека именуваниот адвокат се јавува  во својство на полномошник на двајца предлагачи за отварање стечајна постапка од ТХОР ИНДУСТРИЕС ДООЕЛ Скопје и Егзона Ризмани во својство на Управител на должникот  СОРАВИЈА ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје.

На рочиштето одржано на 02.06.2025 година, биле присутни освен судијата, записничарката и адвокатката, привремениот стечаен управник на стечајниот должник Аргон Арифи и јавност составена од три физички лица и тројца адвокати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Дали сме подобро подготвени или повторно ќе броиме колку хектари шума изгоре?

Sasko Dimovski

Топ тема: Каде се губи граѓанинот и јавниот интерес во вртлогот на божем реформи во судството, администрацијата и државните органи?

Sasko Dimovski

КОД: Дива сеча на шума во Јасен кај езерото Козјак

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе