До КОД стаса и Демант од адвокатката полномошник како што судот навел во решението за стечај на Соравија Инвест должник и на ТХОР доверител. Таа тврди дека таа во случајот не е полномошник на две спротиставени страни туку на исти-предлагачи за стечајна постапка. Истражувањето за ТХОР, Соравиа инвест и Дрин Ахмети, како и зе отворениот стечај беше објавен во КОД на 29.03.2026.
Во продолжение дописот на адвокатката Цунева и одговорот на ТВ Телма.
ОДГОВОР НА ТВ ТЕЛМА: Телевизија ТЕЛМА согласно законските прописи го објавува демантот на својот програмски сервис и на својата Веб страна, по барање на адвокатот Марина Цунева во врска со емитувањето и изнесувањето на информации од содржината на емисијата КОД на 29.03.2026 година, во врска со толкувањето на Решението на Основниот Граѓански суд донесено на 02.06.2025 година, со кое се усвојува предлогот на предлагачите за отварање стечајна постапка над Друштвото СОРАВИЈА ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје, со кое погрешно толкуваме дека застапувала две различни страни, туку дека именуваниот адвокат се јавува во својство на полномошник на двајца предлагачи за отварање стечајна постапка од ТХОР ИНДУСТРИЕС ДООЕЛ Скопје и Егзона Ризмани во својство на Управител на должникот СОРАВИЈА ИНВЕСТ ДООЕЛ Скопје.




