Утре е 14 февруари – ден што го делат двајца светци: Свети Трифун и Свети Валентин.
Верниците ќе одат во лозје и ќе го одбележат денот со кроење на лозјата и со чаша вино в рака.
Други ќе купуваат срца, рози и подароци за Свети Валентин.
Прашањето е: што навистина ќе славиме?
Вера и традиција или глобален тренд на маркетинг-индустријата?
Младите сè почесто го слават Свети Валентин, а постарите генерации ја почитуваат традицијата и го слават Свети Трифун.
Дали љубовта има потреба од датум? И дали традицијата може да се изгуби во популарната култура?
Дали утре ќе се слави со ножици во лозје или со цвеќе во рака? Со чаша вино или со љубовна порака? Или можеби – и двете?
Што вели традицијата, што модреното време, а што практикуваат граѓаните?
АНКЕТА: Може ли да се слават и двата празника истовремено? Да / Не
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
