Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минимална температура (во °C)
-2 Попова Шапка, 0 Берово, Mаврови Анови, 1 Крива Паланка, Kрушево, Лазарополе, 3 Претор, Виница, 4 Охрид, 5 Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Струмица, 6 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 7 Гевгелија, 8 Демир Капија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
17 Попова Шапка, 14 Пожаране, 7 Kрушево, 5 Mаврови Анови, 4 Тетово, Струмица, 3 Кавадарци, 2 Претор, Гевгелија, Ѓуриште, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Виница, Берово, Лазарополе, Пожар-Радовиш.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см
64 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
