Временска прогноза

Облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во југоисточните делови – Временска прогноза за 9.2.2026

Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе има појава на магла во одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6°C, а максимумот од 6 до 11°C.

Информација од ова утро 8.2.2026

Минимална температура (во °C)

-1 Попова Шапка, Берово, 0 Лазарополе, Mаврови Анови, 2 Kрушево, Крива Паланка, 3 Струмица, 4 Скопје-Петровец, Штип, Пожаране, Претор, 5 Охрид, Демир Капија, Битола, Ѓуриште, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Прилеп, Тетово, 6 Куманово, Виница,  Кавадарци, 7 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

10 Mаврови Анови, 6 Пожаране, 5 Kрушево, 4 Претор, Попова Шапка, Лазарополе, 2 Охрид, Тетово, Битола, 1 Прилеп, Крива Паланка.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

55 Попова Шапка.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево време со мала до умерена облачност, во попладневните часови нестабилно – Временска прогноза за 11.6.2026

meteo

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 10.6.2026

Дејан Дејан

Сончево и топло, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2026

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе