Четири години затвор за екс директорот на геријатрија за земање мито, и година и десет месеци за неговиот помагач. Ваква казна донесе скопскиот кривичен суд за обвинетите кој беа фатени дека земале пари за да сместат пациентка на клиниката.
Виновен е дека побарал и земал мито од 20 илјади евра пресуди судијката Ленка Давитковска.
Одреди 4-годишна затворска казна за поранешниот директор на геријатрија Мухсин Арифи, додека за негувателот Блерим Амити одреди година и десет месеци затвор.
Обвинетите се бранеа дека негувателката на жената која требало да биде сместена ги наместила. Но токму таа го пријави случајот кај обвинителството.
Арифи останува во притвор каде е веќе 10 месеци, додека за Амити остануваат мерките за претпазливост.
Според обвинението директорот побарал 20 илјади евра за да смести 42 годишна пациентка во тешка состојба, а Амити посредувал во предавањето на поткупот.
Очекувале сума од 100.000 евра откако ќе се продал станот на пациентката.
Билјана Николовска
Б.С.
