Вести Македонија

Случај „Геријатрија“: Четири години затвор за Арифи, а една година и десет месеци за Амити

Четири години затвор за екс директорот на геријатрија за земање мито, и година и десет месеци за неговиот помагач. Ваква казна донесе скопскиот кривичен суд за обвинетите кој беа фатени дека земале пари за да сместат пациентка на клиниката.

Виновен е дека побарал и земал мито од 20 илјади евра пресуди судијката Ленка Давитковска.

Одреди 4-годишна затворска казна за поранешниот директор на геријатрија Мухсин Арифи, додека за негувателот Блерим Амити одреди година и десет месеци затвор.

Обвинетите се бранеа дека негувателката на жената која требало да биде сместена ги наместила. Но токму таа го пријави случајот кај обвинителството.

Арифи останува во притвор каде е веќе 10 месеци, додека за Амити остануваат мерките за претпазливост.

Според обвинението директорот побарал 20 илјади евра за да смести 42 годишна пациентка во тешка состојба, а Амити посредувал во предавањето на поткупот.

Очекувале сума од 100.000 евра откако ќе се продал станот на пациентката.

Билјана Николовска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Милошоски контра Левица: Одбиваат да се потпишат како ко-предлагачи на Изборниот законик иако се прифати нивниот предлог за распредeлба на буџетски пари до партиите

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе