Францускиот претседател Емануел Макрон со денови е со наочари за сонце во јавните настапи. За првпат се појави со нив за време на традиционалната посета на стратешката воздухопловна база Истре на 15 јануари, а ги носи и во Давос на Светскиот економски форум, каде не ги извади ниту за време на официјалниот говор.
Елисејската палата уверува дека станува збор за „тотално безопасна“ повреда.
„Ве молам, извинете ме за неестетскиот изглед на окото. Тоа е само нешто тотално безначајно“ ги уверуваше присутните.
Социјалните мрежи веднаш беа преплавени со фотографии на Макрон со наочари за сонце. „Што му е на окото на Макрон“, се прашуваа бројни корисници на платформата Икс.
Елисејската палата ја смири јавноста, наведувајќи ја дијагнозата на главниот лекар.
„Се работи за мал крвен сад во окото кој пукна. Тоа е тотална безопасно“, се наведува во соопштението.
Фотпграфиите на Макрон со наочари за сонце набрзо станаа вирални на социјалните мрежи. Многу корисници го поврзаа со легендарните ликови од филмовите „Топ ган“.
С.Д.
