Вести Економија Македонија Топ вести

Синдикалната кошничка за еден месец потешка за илјада денари

Истата храна во декември, во јанауари поскапа за илјада денари… едно четиричлено семејство според сојузот на синдикати месецов треба да одвои најмалку 66,413 денари.. Една третина оди за храна, а пораснале и давачките за струја, вода, затоплување.. Единствено поевтинел транспортот. Зима, е и треба потопла гардероба, но и повеќе пари да се купи, особено овој месец, пресметале синдикалците кои не се откажуваат од барањето за 600 евра минимална плата, предлог кои ќе го бранат и со протести, блокади и генерален штрајк во наредниот период.

Речиси илјада денари поскапи минималната синдикална потрошувачка кошничка за еден месец, покажуваат бројките на ССМ. Во јануари минимумот кој едно четиричлено семејство треба да го издвои за да го преживее месецот е 66.413 денари. Споредено со декември минатата година кога кошничката тежеше 65,492 денари истите продукти сега се поскапи за 921 денар. Дали и колку новогодишните празници и трговците влијаеа на скокот треба да кажат надлежните и пазарната инспекција.

Една третина од минималната синдикална потрошувачка кошничка отпаѓа на храна и пијалаци за кои треба да се издвојат 24.211 денари што е за 563 денари повеќе од месец декември. Поскапување од 208 денари има и во делот за станарина, вода, електрична енергија и греење каде во јануари треба да се издвојат вкупно 6.338 денари. За ставката облека и обувки треба да се издвојат 6.043 денари што е за 168 денари повеќе од минатиот месец. Единствено намалување во трошоците има кај транспортот кој поефтинел за 91 денар.

Спофред пресметките на ССМ, доколку четиричленото семејство живее под кирија во стан од 60 метри квадратни ќе треба да издвои дополнителни 21,713 денари со што вкупната потрошувачка кошничка изнесува речиси 82 илјади денари.

Минималната плата во Македонија изнесува 24.397 денари и пресметките покажуваат дека се потреби над две и пол минимална плати за да се покрие минималната синдикална кошничка.
Највисоките органи на ССМ и гранковите синдикати утре имаат состанок на кој повеќе од извесно е дека ќе утврдат следните чекори околу најавените протести и блокади на Скопје откако Владата не го прифати барањето минималната плата да изнесува 500 односно 600 евра. Од ССМ не ја исклучуваат можноста и за генерален штрајк.

Огнен Чанчаревиќ

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владината сложувалка пред финиш: Ресорите поделени, реконструираните имиња сè уште „под клуч“

Дејан Дејан

Девет еколошки организации бараат трајно поништување на концесиите за проектот Иловица-Штука

Дејан Дејан

80-тина материјални докази на обвинителството изведени на денешното рочиште за 9-мината полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе