Советот на јавни обвинители го избра, Анел Фидовски, го избра Анел Фидоски за нов шеф на ОЈО Скопје.
За него гласаа седум од членовите, двајца беа против а двајца воздржани. Меѓу оние кои го поддржаа беше и В.Д обвинителката, Анита Тополова Исајловска.
Фидовски има 12 и пол години искуство како обвинител а еден од предметите познати на јавноста е за девојчето од Велес, Тамара Димовска.
Два гласа помалку, (пет „за“), доби досегашниот шеф на обвинителството, Гаврил Бубевски.
Вкупно беа пријавени пет обвинители. Покрај Фидовски и Бубевски, свои кандидатури поднесоа и Тања Трајчевска, Спасенка Андонова и Дејан Петрески.
За Вестите на Телма во 12.30 се јави Елена Ивановска Мукоска
Седница на Совет на ЈО, треба да се бира нов шеф на ОЈО Скопје
