Со палење на маските и традиционалното Василичарско оро денеска заврши годинашниот Вевчански карневал. И оваа година карневалот, кој ги поврзува паганските и христијанските обичаи привлече голем број домашни и странски посетители. Карневалот симболично го означува преминот од старата во новата година.
Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името посветено на Свети Василиј.
Маските на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот, како мигрантските кампови во земјава, инвестициите во Дубаи, запирањето на нафта и пари од САД за Куба…
Сатирична маска ја претстави и виртуелната министерка во Албанската влада, во претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп, кампањата за локалните избори на Максим Димитриевски, како и многу други актуелни настани и личности кои беа пдобни за „вевчанска обработка“.
