Вести Македонија Топ вести

Малиновски во Топ Тема: на обвинителна клупа е седнат само еден, а тоа е системот, кој е корумпиран и нефункционален

Почна судењето за несреќата во т.н. кабаре “Пулс”. Кои се очекувањата на јавноста, а кои процесните предизвици ? Ефикасна правда или долг и неизвесен процес?

Дали власта ги напушта сите постулати за реформи во судството што сама ги постави?

Во Топ Тема Боби Христов дебатира со адвокатите Драган Малиновски и Јанаки Митровски и Васко Меглешов, новинар.

  • Овие денови често се употребува дека „ова е тест“, „дали ќе не биде или не“, но вакви и слични случаи сме имале и во минатото разликата е во квантитетот, можеби се изразувам математички, но суштината е во тоа. Сме имале и други настани со трагични последици со исто кривично дело меѓутоа но тука тежината и траорноста во која е завиткан целиот случај е бројката на изгубени млади животи која никого не остава рамнодушен и со тоа ќе мора да се носат сите актери во постапката. На прво место е судот, кој треба да овозможи спроведување на нормална кривична постапка каде што, како што кажа денеска судечкиот судија „ќе овозможи на двете страни и обвинителот и обвинетите да можат да ги изложат своите аргументи и да биде спроведена постапката. Седнати на обвинителна клупа се 35 обвинети, јас мислам дека всушност на обвинителна клупа е седнат само еден, а тоа е системот во РМ кој е хаварисан по многу основи и кој фактички го продуцираше овој настан. Едноставно затаиле многу нивоа на функционирање на институциите како на локално, така и на централно ниво и мислам дека се га треба да се свестиме дека ова всушност е судење на системот, на корумпираниот систем на нефункционалниот систем и како таков, истакна Драган Малиновски, адвокат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе