Почна судењето за несреќата во т.н. кабаре “Пулс”. Кои се очекувањата на јавноста, а кои процесните предизвици ? Ефикасна правда или долг и неизвесен процес?
Дали власта ги напушта сите постулати за реформи во судството што сама ги постави?
Во Топ Тема Боби Христов дебатира со адвокатите Драган Малиновски и Јанаки Митровски и Васко Меглешов, новинар.
- Овие денови често се употребува дека „ова е тест“, „дали ќе не биде или не“, но вакви и слични случаи сме имале и во минатото разликата е во квантитетот, можеби се изразувам математички, но суштината е во тоа. Сме имале и други настани со трагични последици со исто кривично дело меѓутоа но тука тежината и траорноста во која е завиткан целиот случај е бројката на изгубени млади животи која никого не остава рамнодушен и со тоа ќе мора да се носат сите актери во постапката. На прво место е судот, кој треба да овозможи спроведување на нормална кривична постапка каде што, како што кажа денеска судечкиот судија „ќе овозможи на двете страни и обвинителот и обвинетите да можат да ги изложат своите аргументи и да биде спроведена постапката. Седнати на обвинителна клупа се 35 обвинети, јас мислам дека всушност на обвинителна клупа е седнат само еден, а тоа е системот во РМ кој е хаварисан по многу основи и кој фактички го продуцираше овој настан. Едноставно затаиле многу нивоа на функционирање на институциите како на локално, така и на централно ниво и мислам дека се га треба да се свестиме дека ова всушност е судење на системот, на корумпираниот систем на нефункционалниот систем и како таков, истакна Драган Малиновски, адвокат.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
