Вести Економија Топ вести

Дали државата погреши со линеарното зголемување на пензиите? – уставните судии одлучуваат

Дали државата ги измеша социјалната политика и уставните принципи? Уставните судии од денеска почнаа да го расветлуваат едно од клучните прашања – линеарното зголемување на пензиите. Колку ваквата исплата на примањата на највозрасните граѓани  е правично или пак може би против уставно. Судот добил 20 тина иницијативи од граѓани во кои наведуваат дека со  овој начин на исплата има нееднаков третман. Во зголемувањето на пензиите не се пресметува растот на трошоците за живот и просечната плата, туку тие се исплаќаат паушално.

По ова судот по сопствена иницијатива ќе го разгледа ова прашање, за кое денеска  оформи и предмет.

И Комисијата за заштита и спречување од дискриминација утврдила дека околу 12 илјади пензионери кои стекнале право на пензија во земјава но живеат во странство, по законските измени пред неколку месеци со тоа што не го добиле второто линеарно покажување од 2500 денари се дискриминирани.

Пред неколку месеци Собранието изгласа измени во Законот за пензиско осигурување во кој се вметна одредба  дека пензиите се исплаќаат на територијата на државата.

И за ова Уставниот суд има добиено иницијатива од граѓани по која допрва треба да се одлучува.

Пред да се одлучи пензиите да се исплаќаат линеарно, се применуваше Швајцарски модел односно во зголемувањето на овие примања се пресметуваше растот на трошоците за живот и просечната плата, кој тогашната влада го бранеше како најправедно решение без владини интервенции.

Инаку, речиси 2 милијарди евра ќе чинат пензиите идната година. Дел од оваа сума или околу 700 милиони евра ќе се покрие од буџетот за да може ПИОМ  да ги исплати примањата на највозрасните. Ова го покажуваат бројките во новиот документ за државната каса. Може да се види дека во 2026 година за пензии ќе има речиси 10 отсто повеќе пари.

Ова е уште еден доказ дека состојбата со пензискиот фонд не е најдобра и продолжува да се зголемува дотурот на пари од државната каса.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе