Обвинителството истражува пријави за изборен поткуп на евидентиран во обвинителствата во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе. Обвинителите испитуваат и евентуално прекршувања на изборниот молк.
Пријавено било и дека во струмичко Ново село има погрешно испечатени ливчиња. Известена била Државната изборна комисија да го замени материјалот, но од обвнителствoто велат нема елементи на кривично дело.
„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело“, соопштуваат од Јавното обвинителство.
И од МВР со оценка дека гласањето се одвива во мирна атмосфера без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Полицијата уапсила двајца крушевчани за изборен поткуп а добиле пријави и за агитирање при гласање на повеќе места кои до сега не се потврдени информираа од МВР.
„Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.
Утрово од МВР информираа дека регистрирани биле 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. Гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници поминало без нарушување на гласањето, регистриран е само еден настан.
Елена Ивановска Мукоска
