Вести Свет

Протести во Хирошима против нуклеарното оружје на 80-годишнината од атомската бомба

Стотици демонстранти се собраа во западниот јапонски град Хирошима по повод 80-годишнината од атомското бомбардирање, барајќи целосно укинување на нуклеарното оружје и крај на војните.

Протестот се одржа пред Куполата на атомската бомба, додека на другата страна од Паркот на мирот се одржуваше официјалната меморијална церемонија.

И покрај повиците од локалните власти да го напуштат паркот, демонстрантите не отстапија.

Локалните медиуми јавуваат дека едно лице било уапсено поради наводен напад врз обезбедувањето.

Годишнината се одбележува во време кога сè повеќе држави, вклучително и Јапонија, го поддржуваат поседувањето нуклеарно оружје како средство за одвраќање.

Некои преживеани од нападот изразија разочараност од неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го оправда нападот врз Иран во јуни споредувајќи го со бомбардирањата на Хирошима и Нагасаки.

На церемонијата присуствуваа околу 55.000 луѓе од рекордни 120 земји и региони, меѓу кои и Русија и Белорусија.

80 години од атомското бомбардирање на Хирошима

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Вистинската штета не се изгубените 4,2 милиони евра, туку застојот на евроинтеграциите

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Левица се блокатори на Изборниот законик и на реформите

Sasko Dimovski

Обвинение за измами со брзи кредити – меѓу обвинетите и вработен во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе