Врнежи од снег и дожд го зафатија Нов Јужен Велс во Австралија. Илјадници жители беа соочени со прекини на електрична енергија, а некои дури цела ноќ останале без неа. Според локалните медиуми тамошните државни служби за вонредни состојби одговориле на над две илјади повици за помош.
Лошото време предизвика затворање на некои училишта на средниот северен брег на државата, а властите издадоа предупредувања за поплави во некои од погодените области.
Полицијата во Нов Јужен Велс соопшти дека 20 годишна девојка исчезнала во поплава предизвикана од невремето за време на викендот.
Локалните жители велат дека обилни снежни врнежи не се забележани во регионот во последните 10 години.
