Вести Свет

Стотици километри долги колони на автопатиштата низ Франција

Колона долга речиси 700 километри е забележана денеска на автопат во Франција, додека вкупната должина на сите колони на патиштата во земјата изнесуваше 1.051,6 километри во време на зголемен сообраќаен интензитет поради летните одмори и смената на туристи, што колоквијално се нарекува „Црна сабота“.

Сообраќајот на патиштата во Франција, како што наведуваат француските медиуми бил уште повеќе забавен поради две сообраќајни несреќи на автопатите кон Медитеранот и Атлантскиот брег.

Сообраќајот во правец кон Алпите е исто така интензивен со задржувања од еден час и 45 минути во тунелот Мон Блан во правец кон Италија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе