Вести Свет

Американската економија забавува, работните места се намалуваат, а Трамп ја отпушти директорката на Агенцијата за статистика

Извештајот за вработеноста во САД кој денеска беше објавен предизвика дебата во американската јавност, а неповолните бројки во него за им дадоа ветер во грбот на демократите за жестоко да го нападнат претседателот Трамп. Економистите со месеци предупредуваа дека царините за земјите кои извезуваат производи во САД ќе се одразат токму врз американската економија.

Претседателот ги воведе своите царини. Неговиот Голем убав закон и кратењата на даноците беа усвоени. Ги има неговите директиви, усвои низа политики за вештачка интелигенција, но лошата вест е дека почнавме да гледаме знаци дека економијата не оди баш во насоката која претседателот ја сакаше, сумираше Џош Броук од асошиејтед прес.

Извештајот за вработеноста покажа дека во месец јули биле отворени само 73.000 нови работни места, далеку помалку од проектираните 258.000. Уште полошо, извештајот открива дека од април, кога Трамп прв пат ги воведе царините, фабриките ширум САД скратиле 37.000 работни места.

Од друга страна, од април до сега инфлацијата пораснала од 2,2 проценти на 2,6 проценти. БДП годинава е на пат да порасне за само 1,3 проценти, повеќе од двојно помалку од ланскиот , кој изнесувал 2,8 проценти.

Поминаа четири месеци од „Денот на ослободувањето“ на Доналд Трамп, и до сега имаме доволно докази кои покажуваат дека овие хаотични царини ѝ нанесуваат вистинска штета на економијата. Би биле наивни ако помислиме дека уште едно зголемување на царините ќе го поправи тоа, но токму тоа го направи Трамп вчера, изјави лидерот на демократите во сенатот, чак шумер.

Но, американскиот претседател не се повлекува. Синоќа потпиша нови извршни наредби за зголемување на царините за повеќе 90 држави, во некои случаи драстично.

Според мене, сите губат. Ја зголемуваат инфлацијата во САД, лошо е за нашите индустрии, и на крајот не беа отворени нови работни места во САД. Од почетокот на 19 век се покажа дека колку помалку царини има, толку побрзо земјите се развиваат. Сега, Трамп има советници кои му го кажуваат спротивното, но не знам врз што се засновани тие идеи, оценува еден жител на париз.

Објавувањето на лошата вест за резултатите од економските политики на Трамп со своето работно место ја плати директорката на агенцијата за статистика во американското Министерство за труд, обвинувајќи ја дека како политички назначен функционер од поранешниот претседател Бајден манипулирала со бројките.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе