Вести Свет

Грција: Вкупно 17 случаи на вирусот Западен Нил

Вкупно 17 случаи на вирусот Западен Нил се потврдени во Грција, од кои десет се регистрирани во текот на изминатата седмица, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје.

Од ЕОДИ соопштија дека 14 случаи покажале симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а три случаи благи или никакви симптоми поврзани со централниот нервен систем, објави МИА.

Паралелно бил регистриран е и еден „увезен“ случај на инфекција кај пациент изложен на вирусот во друга земја, поконкретно во Србија и не е предмет на понатамошната анализа.

Првите случаи на инфекција за оваа сезона во Грција беа регистрирани пред три седмици, кога во период од 48 часа во областа Атика, поширокиот регион на Атина беа истовремено дијагностицирани четири случаи.

Лани, во Грција биле регистрирани 220 случаи, а од Западен Нил и починале 35 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе