Фабриката за облека „Tzicc’s“ во малата африканска држава Лесото престана со работа откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи царини.

Фабриката, која произведуваше спортска облека за американски компании како „Walmart и Costco“, доживеа целосен прекин на нарачки, вклучително и за „Trump Golf“ маици, по најавите за 50% царини врз увозот од Лесото.
Иако царините беа привремено намалени на 10% за време на трговските преговори, штетата веќе беше направена. Американските купувачи ги стопираа новите нарачки, а менаџментот на „Tzicc’s“ реши да ги испорача последните нарачки пред повторното воведување на високите царини.

Речиси сите 1.300 работници се испратени дома, со мала веројатност да се вратат на работа.
Загубата на работните места ја погоди локалната економија тешко, бидејќи текстилната индустрија е најголем приватен работодавач во Лесото, со над 30.000 вработени.
