Животот на Ентони Вајт (63) е со 254 апсења, но тој и натаму краде низ продавниците, пренесуваат медиумите во САД. Последен пат бил уапсен во мај, кога влегол во бутик „Рокфелер Плаза“ каде украл две кошули што ги сокрил под џемпер, нецели шест месеци по пуштање на слобода со мерка надзор, пишува „Њујорк пост“. Наредниот ден бил осуден за ситна кражба, но иако обвинителството барало кауција од 3.000 долари, сепак, бил ослободен со мерка за надзор.
Само неколку дена подоцна е фатен во акција додека краде производи за лична хигиена од една продавница и влажни марамчиња за бебиња од друг дуќан.
Шеесет и тригодишниот Вајт „оперирал“ во поедини продавници во кои му бил забранет влез, бидејќи и претходно му биле мета, но судските документи покажуваат дека судиите, сепак, го ослободувале.
Полициските податоци посочуваат дека таквиот вид на престапи е во пораст за 89 отсто – од 14.286 инциденти во 2020 година на повеќе од 27.700 оваа година. Според њујоршката полиција, за 45 отсто од сите кражби во градот се одговорни 1.288 престапници. Само четворица од нив се апсени дури 795 пати.
