Култура

Министерството за култура и туризам допрва ќе го развива туристичкиот сектор

Иако повеќе од една година, со промената на власта, под Министерството за култура е и секторот туризам, сега се стекнати условите ресорот да се ангажира проактивно за унапредување на туристичкиот сектор во Македонија. Со одлука на владата згаснува Агенцијата за промоција на туризмот, кажа министерот Зоран Љутков при денешната посета на Јени џамијата во Битола, па ингеренциите околу развојот на туризмот ќе ги преземе министерството.

  • На минатата седница на влада веќе донесовме одлука за згаснување на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и конечно ќе го имаме тој ресор во рацете на Министерството за култура и туризам, со што ќе можеме да работиме на Програмата за 2026 година и за изработка на новата Национална стратегија за развој на туризмот, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Не само министерството, туку и локалната самоуправа и директорите на локалните и националните установи треба да се вклучат во брендирањето и развојот на нивните градови. Директорите да не постапуваат само по одобрените програми од министерството, туку и да ги трошат сопствените средства и да инвестираат во институциите, кажа Љутков. Според него, Битола напреднала по тоа прашање и на сметките на институциите е забележан прилив на средства. Но, градоначалникот Коњановски не е задоволен од постигнатото до сега и покрај зголемениот број туристи.

  • Престој, барем еден ден во нашиот град да ги задржиме. Тука хотелиерството треба малку повеќе да се ангажира, приватните стопанственици кои треба да ја дадат таа понуда , во делот на ноќевањата, во делот на кулинарството и т.н, кажа Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Одговарајќи на новинарско прашање, за решавање на проблемот со долгот од претходното раководство во Битолскиот театар, кој изнесува 65 000 евра  , Љутков рече дека актуелниот директор и надлежните институции треба да истражат дали тој е оправдано или неоправдано направен . Ако е неоправдан ќе следат тужби, а ако е оправдан , трошокот ќе го покрие министерството.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ЕКО) Феминизам во пракса

Дејан Дејан

Заокружениот творечки пат на Матија Дедиќ

Дејан Дејан

МТФ „ Војдан Чернодрински“ треба да се врати на патеките од пред 20 години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе