Култура

Заокружениот творечки пат на Матија Дедиќ

Познатиот хрватски jazz пијанист и композитор Матија Дедиќ почина во Загреб на 53-годишна возраст.

Роден е 1973 година во Загреб, каде што дипломирал во средното музичко училиште „Ватрослав Лисински“. Toj e син на починатиот кантавтор Арсен Дедиќ и на пејачката Габи Новак, а почнал да свири клавир на 5 – годишна возраст.

Средно музичко училиште завршил во Загреб 1991 година, а потоа заминал во Грац- Австрија, каде што се запишал на Џез академијата, дипломирајќи во 1997 година, во класата на професорот Харалд Нојвирт.По враќањето во Загреб, Матија Дедиќ брзо стекнал голем углед на хрватската музичка сцена. Најпрвин свирел со својот бенд- квартетот Болиерс, со кој ги придружувал големите џез музичари, како што се:  Бени Голсон, Кени Барел, Рој Хејнс, Хозе Фелисијано и „Ол Старс Бенд“. Настапувал и со Тамара Обровац и нејзиниот квартет. Кон крајот на 1990-тите години, Матија го основал „Трио Матија Дедиќ“, со кое ги изведувал неговите композиции.Бендот вклучува и искусни џез музичари од квартетот „Тамара Обровац“, Жига Голоб и Крунослав Левачиќ.

Низ годините, тој свирел во речиси сите европски земји и во САД, со големи музички имиња како што се Алвин Квин, Мартин Дру, Рон Рингвуд, Бошко Петровиќ, Марк Марфи Бенд, Патриција Конте, Дејвид Газаров, Џани Басо, Мајлс Грифит, Ондер Фокан, Жан Луј Расинфосе, Анка Паргел, Томи Емануел, Лени Вајт, Кендрик Скот, Џим Медисон, Џеф Балард, Висенте Арчер, Бастер Вилијамс, Лари Гренадиер и др. Пишувал и музика за телевизија и театар, а настапувал и со популарни музичари од хрватската поп сцена.

Во 2000 година, издавачката куќа „Кантус рекордс“ го издаде неговиот прв соло албум, „Соло дел- 1“, а во декември 2001 година, неговиот втор носач на звук, „Ханокритинг“, за кој следната година освои три награди „ Порин“, за дискографија.

Во 2004 година, го издаде својот албум „Темпера“ за издавачката куќа „Далас рекордс“. Матија Дедиќ снимил дванаесет композиции на Џибони по свој избор. Една година подоцна, за истата издавачка куќа, го издаде албумот „Друг поглед“, кој ги содржи најпопуларните композиции на неговиот татко Арсен Дедиќ, како што се „Се те водеше кон мене“, „Куќа покрај море“, „Ни ти ни јас“, „Не плачи“, „Разговор со келнерот“ и „Модерато кантабиле“.

Заедно со белгискиот контрабасист Жан-Луј Расинфосе и чешкиот тапанар Марек Патрман, во 2006 година го сними албумот „Посетувајќи го Брисел“.А, на албумот „Животот на цвеќињата“, Дедиќ свиреше со музичари со различни стилови, изведувајќи негови и композиции од Дора Пејачевиќ.

Во 2021 година Матија Дедиќ го објави албумот „ Дами“, на кој соработуваше со 16 пејачи што го обележале неговиот живот. Меѓу нив е и славната Јосипа Лисац, со која тој за прв пат соработувал. Случајот сакаше тоа да биде едно заокружување на неговиот уметнички пат, трасиран уште кога неговиот татко,Арсен, ја напишал песната „ Што ме прави среќна“, со која Јосипа Лисац ја почнала музичката кариера.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ЕКО) Феминизам во пракса

Дејан Дејан

Министерството за култура и туризам допрва ќе го развива туристичкиот сектор

Дејан Дејан

МТФ „ Војдан Чернодрински“ треба да се врати на патеките од пред 20 години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе