Вести Култура

Виктор Дулон-Виду: Во време на економска криза културата е прва на удар  

Во Младинскиот културен центар вечерва спој на стрип, музика и технологија, преку цртачки концерт и интерактивна претстава на францускиот стрип артист Виктор Дулон Виду и пијанистката Марина Васиљева.

Во време на економска криза со која се соочува светот денес уметноста е онаа која е прва на удар, вели Дулон во чија кариера има низа соработки со познати продукциски куќи, меѓу кои е и неговиот ангажман за славните Марвел комикс и нивниот проект „Видео-комикс“, каде создаваат спој помеѓу стрипот и видео игра.

„Културата е првата работа што паѓа под удар на економијата која што е во криза, Франција не е исклучок од сето тоа. Сепак во Франција се зголемуваат бројките на продажба на стрипови. Но, тоа најмногу се однесува на манга стриповите, стрипови од Јапонија, Кореја и тоа ги зголемува бројките на продажба. Во Франција 50 % од стрип авторите се под нивото на сиромаштија, значи статусот на стрипот е малку тежок. Јас работам на стрип, но и на други работи затоа што стрипот ми асоцира на„ поранешна девојка“ со која сето тоа лошо помина и ми изгледа комплицирано, меѓутоа остана една уметност која што многу ја сакам“ Виктор Дулон-ВиДу, стрип артист.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Дејан Дејан

Против воведување на еврото, сакаат да го задржат левот – протести во Бугарија против влез во монетарната унија

Дејан Дејан

ОЈО: Градоначалничката Арсовска да ги посочи парцелите за кои се сомнева дека има незаконитости

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе