Во јуни ќе се монтира летната сцена на МНТ „ Славиша Кајевски“. Но, за разлика од лани, концептот се менува. Годинава, а и идната, на летната сцена ќе има концерти, наместо претстави, поради влијанието на околината , вели директорот на театарот.
- Сепак, публиката е таа која на крај кажува, и не се слуша, и самиот квалитет на претставата се губи, рече Никола Кимовски, директор на МНТ.
Под слоганот „ Млади за млади“, во два блока од 12. до 14. и од 19. до 21. јуни, на летната сцена во шест вечери ќе настапат 12 помлади групи и диџеи од независната сцена. А, собраните пари од билети, преку „ Support Kocani“ ќе одат за настраданите во пожарот, во кочанската дискотека . Програмата се реализира со поддршка на Телеком, а во соработка со радиото Стереолаб.
- Овие млади луѓе ќе можат да се претстават на една голема сцена, да бидат слушнати од една поголема публика. И мислам дека тоа е генерален проблем за сите независни помали артисти, затоа што се соочуваат со проблеми за реализација на обични концерти и настани, кажа Дарко Јорданов, уредник на радиото Стереолаб.
МНТ доби надворешно вечерно осветлување. Се санира балконот од страна на Скопското Кале, а наскоро ќе се отвори тендер и за санација на балконот од десната страна на театарот, дополни директорот Кимовски.
Сотир Трајков