Вести Култура

МНТ со хуманитарни концерти во јуни за настраданите од Кочани

Во јуни ќе се монтира летната сцена на МНТ „ Славиша Кајевски“. Но, за разлика од лани, концептот се менува. Годинава, а и идната, на летната сцена ќе има концерти, наместо претстави, поради влијанието на околината , вели директорот на театарот.

  • Сепак, публиката е таа која на крај кажува, и не се слуша, и самиот квалитет на претставата се губи, рече Никола Кимовски, директор на МНТ.

Под слоганот „ Млади за млади“, во два блока од 12. до 14. и од 19. до 21. јуни, на летната сцена во шест вечери ќе настапат 12 помлади групи и диџеи од независната сцена. А, собраните пари од билети, преку „ Support Kocani“ ќе одат за настраданите во пожарот, во кочанската дискотека . Програмата се реализира со поддршка на Телеком, а во соработка со радиото Стереолаб.

  • Овие млади луѓе ќе можат да се претстават на една голема сцена, да бидат слушнати од една поголема публика. И мислам дека тоа е генерален проблем за сите независни помали артисти, затоа што се соочуваат со проблеми за реализација на обични концерти и настани, кажа Дарко Јорданов, уредник на радиото Стереолаб.

МНТ доби надворешно вечерно осветлување. Се санира балконот од страна на Скопското Кале, а наскоро ќе се отвори тендер и за санација на балконот од десната страна на театарот, дополни директорот Кимовски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Стојковски: Фазната интеграција мора да води до полноправно членство, но недостасува предвидливост во процесот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе