Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат Славески за гувернер, СДСМ најавува остар отпор

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите при денешната посета на Желино, тој рече дека, согласно Уставот, обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер.

„Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој предлог така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

СДСМ остро ќе се спротивстави на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка, велат од опозициската партија.

„Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пион да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер“, додаваат од СДСМ.

Славески треба да биде избран на пленарна седница со просто мнозинство од 61 глас.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка, откако претходно разговараше со кандидатите за гувернер на Народната банка.

Од Кабинетот на претседателката информираа дека при донесувањето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

Славески е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии. Во моментот тој ја извршува фунцијата претседател на Советот на Град Скопје. Славески доаѓа на местото на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска која беше прва жена на оваа функција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе