Вести Најважни Свет

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Трилатерални состаноци наместо мировни преговори. Таква е агендата за денеска во палатата Долмабахче во Истанбул. Најпрво на маса седнаа делегации на Турција, САД и Украина, за американската страна потоа да биде заменета со руска делегација, што е прво соочување меѓу Киев и Москва по пауза од три години. Украинските претставници претходно се сретнаа со националните советници за безбедност на Германија, Франција, Велика Британија и САД.

Меѓу двата состанока се огласи и Доналд Трамп кој порача дека нема напредок кон мир без тет-а-тет средба меѓу него и Путин. Нагласи оти не го чуди што неговиот руски колега не отпатува во Истанбул, но и оти сака да се сретне со него што е можно поскоро, можеби веќе во наредните две-три недели.

Денешните состаноци во Истанбул доаѓаат по повикот на рускиот претседател Владимир Путин минатата недела кој повика на директна средба меѓу Москва и Киев, додека врз него се засилуваше меѓународниот притисок да се согласи на 30-дневен прекин на огнот.

Зеленски, кој денеска е на самит на Европската пшолитичка заедница во Тирана, вчера беше во Анкара од каде го предизвика Путин да му се придружи во Турција. Директна средба меѓу него и Путин ќе биде една од точките на кои ќе инсистира делегацијата на Киев, како и прекин на огнот како „мерка за градење доверба“.

Од Тирана со реакција се јави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен кој изјави дека Унијата ќе го засили притисокот врз Русија и оти веќе се работи на нов пакет на санкции со кои ќе бидат опфатени и гасоводите Северен тек 1 и 2.

Во меѓувреме, Русија и Украина продолжуваат со воздушни напади. Според украинските медиуми, мета на руски дронови претпладнево бил главниот град Киев, додека гувернерот на Севастопољ соопшти дека шест украински дронови биле уништени во близина на градот, над Црното Море.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе