Вести Најважни Свет

Мировни преговори во Истанбул без Путин

„Руската делегација пристигна во Истанбул и е подготвена за сериозна работа“ соопшти Марија Захарова, портпаролка на руското МНР.

Рускиот претседател Владимир Путин не е дел од делегацијата која пристигна во Истанбул на мировни преговори со Украина. Тој назначи четири функционери од пониско ниво како „експерти“ за разговорите. А претседателот на Украина Зеленски само што стапна на турско тло од аеродромот во Анкара рече дека не е запознаен со нивото на претставување на Русите, велејќи дека личат на статисти.

Зеленски рече дека Украина ќе одлучи за своите следни чекори откако ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и дека е во контакт со американската делегација во врска со разговорите со Русија. Но и претседателот на САД Трамп иако денеска не отпатува за Турција, од Катар истакна дека таму е државниот секретар Марко Рубио и ако има потреба тој би му се придружил утре.

„Ќе видиме дали можеме да го прекинеме тоа. Размислував да одам, но е многу тешко поради она што го правиме денес и утре. Но, знаете, ако нешто се случи, ќе одам во петок, ако беше соодветно. Но, во моментов имаме луѓе кои преговараат. И мислам дека само се надевам дека Русија и Украина ќе можат да направат нешто затоа што тоа мора да престане“  изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

„Ќе го кажам ова и ќе го повторам, дека нема воено решение за конфликтот меѓу Русија и Украина. Оваа војна ќе заврши не преку воено решение, туку преку дипломатско“ изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.

Додека САД се залага за дипломатско решение, аналитичарите сметаат дека Путин не сака прекин на огнот, а постојано успева да го убеди Трамп дека мировните преговори треба да продолжат.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој е Анкара, изјави дека Украина е подготвена за итен прекин на огнот, но топката е кај Русија. Истанбул повторно стана центар на глобалната дипломатија по иницијативата на Путин за директни разговори „без предуслови“. Иако Киев беше цврст во ставот дека ќе преговара само лично со Путин, извесно е дека тоа денеска нема да се случи. Во истовреме Западот најави нови санкции ако Москва ако не покаже искрена волја за мир.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе